Хотелски Брави
Контрола на пристап до хотелски соби со електронски брави.
Внимателно дизајнирани, високо квалитетни хотлски електронски брави кои обезбедуваат едноставна примена од страна на гостите.

Електронските брави го запишуваат овластениот пристап до собите на хотелот, како и неовластениот обиди за влез. Со напредни софтверски решенија, тие се неопходен елемент на модерниот хотелски бизнис. Секоја картичка на хотелот е кодирана на таков начин што овозможува отварање на одредени врати во одредено време.

Системите за хотелски електронски брави може да се надоградат со системи за контрола на пристап на паркинг места како и јавна употреба (користење на базен, фитнес, сауна и други општи области на хотелот), со безготовинско плаќање, користење гардероби, како и создавање на сеопфатно лесно решение за клиентот.

  • Високо ниво на безбедност
  • Меморија на електронска брава за тоа кој и кога отвора одредени врати (off-line верзија на брави)
  • On-line контрола на пристап обезбедува приказ на податоци во реално време на приемот
  • Едноставна и ефикасна регистрација на гости и издавање на картички
  • Лесна инсталација и одржување
  • Интеграција со други хотелски решенија
  • Складност со хотелот што се овозможува со користење на широк спектар на бои и додатоци
  • Анти-паник функција за гости
  • Функција "Не вознемирувај" која им нуди на гостите целосна дискреција

Прашања