FMCG Summit in Skopje 2019
Петти по ред FMCG Summit во Скопје - најголемиот настан во трговскиот сектор во Македонија
slide pocetna1
На 16 мај 2019, трговското списание InStore ја организира најголемата регионална конференција за трговија со стоки за широка потрошувачка. Самитот FMCG нуди одлична можност за деловно вмрежување, стекнување нови знаења и споделување искуства. 
Слушнавме врвни експерти, впечатливи презентации и големи идеи. Драгоцени искуства споделија водечки светски и регионални играчи на динамичниот FMCG-пазар. 
FMCG Summit во Скопје секоја година го посетуваат повеќе од 350 учесници од над 130 компании од земјава. Успешно воспоставената синергија во регионалното работење на магазинот InStore се рефлектира и на досега одржаните самити во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и во Словенија.

Нашата компанија како еден од спонзорите на овој голем настан имаше за цел сите учесници на самитот со себе да понесат барем една нова визија за својот бизнис или да создадат барем едно ново деловно партнерство.

Прашања